Костовски: Продолжуваме со отстранување на бесправно изградените објекти и узурпација на општина Бутел (ФОТО)

Денес во населеното место Визбегово со поддршка од директорот на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и МВР направивме дополнителен увид на улицата “Јадранска магистрала”.


Во населеното место Визбегово изминатиот период по постапка од страна на општинските инспектори започна процес на отстранување на узурпациите долж улицата “Јадранска магистрала”.
Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки!


Без разлика граѓаните секогаш во мене ќе имаат заштитник и човек кој ќе го спроведува законот.
По предходна постапка на општинските инспектори дел од стопанствениците започнаа процес на отстранување. Таму каде што нема да се почитуваат роковите Општина Бутел ќе пристапи кон отстранување.

Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ