Која е Србинката која ја воодушеви Америка? На натпреварот меѓу Вашингтон и Денвер, Билјана пееше српска песна и допре многу луѓе (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер го победија тимот на Вашингтон на гости во НБА лигата, со уште една добра партија на српскиот центар Никола Јокиќ.

На овој натпревар имаше и културно-уметничка програма каде освен српското оро кое го воодушеви светот, и добро познатата српска песна „Znaš li odakle si sine – Знаеш ли од каде си сине“ ја изведе оперската пејачка Билјана Солдо.

Билјана Солдо (42) е српска оперска пејачка која пред неколку години замина во САД во потрага по нешто ново, односно со желба еден ден да стане позната, пишува „Телеграф“.

Дипломирала во 2006 година на Академијата за ликовни уметности во Белград, во класата на професорката Љубица Живковиќ. Настапувала како солист со оркестрите „Станислав Бинички“ и „Кралските жици на Свети Ѓорѓи“.