Крај на војната? Се знае кој ќе ги објави деталите

Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, тврди дека се блиску до договор за прекин на огнот со Израел.

Во изјавата објавена на Телеграм, Ханије, која се наоѓа во Доха, главниот град на Катар, рече дека Хамас го дал својот одговор до Катар и другите посредници, без да даде повеќе детали.

Претходно, претставник на Хамас, Изат ел-Решик, изјави дека се водат разговори меѓу Хамас и Израел за привремено примирје за време на кое ќе се дозволи влез на помош во Појасот Газа, а дополнително ќе се разменуваат заложници и затвореници.

„Очекуваниот договор ќе вклучува ослободување на израелските заложници, жени и деца, во замена за ослободување на палестинските жени и деца во окупационите затвори“, изјави Ел Решик за Ал Џезира.

Според него, деталите за примирјето ќе ги соопштат катарските власти.