Крмов од Левица ја демолира масата на спикерот на Собранието

Претникот на Левица, Борислав Крмов на денешната седница, искрши еден монитор и фрлаше хартии кон потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

Крмов побара збор кога се дискутираше за измена на Деловникот и побара од потпретедателот на Собранието да ја прекине седницата.

Откако почна да ги фрла печатените материјали, Крмов посегна кон масата од која се водат седниците, ги фрли сите предмети пред него и искрши еден монитор, по што продолжи да фрла хартии низ салата.

Набрзо потоа му се придружи и лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, по што Мисовски даде половина час пауза.