ВМРО-ДПМНЕ: Русковска сега има можност да ги признае сите дела што ги направила и по чија наредба

„Правдата понекогаш е бавна, но секогаш пристигнува. И покрај околностите кои донесоа крај на кариерата на Вилма Русковска денеска преку разрешувањето од обвинителската функција, колку помалку „Вилма“ толку подобро за правда, доверба во судството и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ситуација кога корупцијата е толку голема и несанкционирана, тешко е да се посочи правичен и компетентен орган кој објективно ќе ги оценува актерите на правдата. Сосема е можно тоа да е резултат на „мафијашка пресметка“ во судството, но останува фактот дека Русковска доби заслужено максимално деградирање од Советот на јавни обвинители.

Како обвинителка за која постојано реагиравме како инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, Вилма Русковска допрва ќе има можност да зборува и да ги признае сите злодела што ги направила и по чија наредба.

Ова е само малку правда за неправедно осудените, вистината ќе дојде со нивната слобода и кривична одговорност за Русковска и нејзините соработници“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.