Лапсус или намерна грешка? Шведскиот премиер изјави дека „Израел има право на геноцид“, па брзо се поправи (ВИДЕО)

Кристерсон предизвика бура од реакции на социјалните мрежи откако ја шокираше толпата додека одговараше на прашања
Шведскиот премиер Улф Кристерсон направи лапсус и речиси изјави дека Израел има право да изврши геноцид додека одговараше на прашања во Гетеборг со министерката за финансии Елизабет Свантесон.

– Шведска и Европската Унија се обединети во ставот дека Израел има право на геноцид… самоодбрана – изјави Кристерсон, што наиде на бурни реакции кај присутните, како што може да се види на видеото кое кружи на IX.

Дел од публиката се насмеа на неговата грешка, додека некои почнаа да викаат „Има ли Израел право да врши геноцид?“, на што не добија одговор.

Израел упадна во најголемата болница во Газа и бомбардираше станбени области и бегалски кампови во нападите за кои шефот за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, рече дека доведоа до „кошмарна“ ситуација во опколената палестинска енклава.

Хуманитарната состојба се влошува, а неколку илјади луѓе гладуваат додека помошта бавно минува низ граничниот премин Рафа.

Израел и неговите сојузници, во меѓувреме, инсистираа на тоа дека нападите се оправдани бидејќи Израел „има право на самоодбрана“ како одговор на нападите на Хамас на 7 октомври во кои загинаа 1.200 луѓе, а повеќе од 5.600 беа повредени.

Оттогаш, повеќе од 14.000 луѓе починале во Појасот Газа, меѓу кои повеќе од 5.000 деца, според информациите на Министерството за здравство на Газа.