Лајчак најави стратешки разговори со европските и американските партнери за ситуацијата на северот на Косово
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека се надева на подобар исход од дијалогот во Брисел и најави стратешки разговори со европските и американските партнери за следните чекори во врска со тензичната ситуација на северот на Косово.
Навраќајќи се на претходната недела, Лајчак на Фејсбук напиша дека ЕУ се надевала на подобар исход од последната средба во Брисел меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, како дел од дијалогот на високо ниво. .
„Ситуацијата во дијалогот, заедно со тензичната ситуација на северот на Косово, ќе бидат предмет на претстојните стратешки разговори со нашите американски и европски партнери за да се утврдат нашите следни чекори“, наведе Лајчак.