ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ШОПИНГ – Моден гигант почна да затвора продавници: Тие нудеа роба по поволни цени, но…

На лошите вести им нема крај. Економската ситуација продолжува да турка многу компании во криза. Луѓето трошат помалку пари на шопинг и храна поради екстремната инфлација. Во исто време, трошоците за електрична енергија и цените постојано растат.

Конкретно модните куќи бележат бројни загуби во овие тешки времиња. Откако групацијата од ДизелдорфPeek&Cloppenburg и ланецот Hallhuber неодамна прогласија банкрот, наскоро би можел да следи нов банкрот.

Primark, всушност, одлучил да затвори неколку филијали во Германија, пишуваат германските медиуми.

Меѓународниот моден трговец Primark е најпознат по својата евтина облека, која ја нуди во 15 земји. Секој што влегува во продавниците кои обично се наоѓаат во неверојатно големи продажни места затекнуваат натрупани купишта модни парчиња и додатоци.

Покрај детска, женска и машка облека, дисконтот нуди и покуќнина и козметика, за ниту една желба да не остане неостварена.

Концептот често е критикуван бидејќи екстремно ниските цени значат многу ниски плати за луѓето кои ја создаваат модата. Всушност, се чини дека концептот не функционира толку добро како на почетокот, бидејќи трговецот веќе неколку години трпи се повеќе и повеќе загуби.

Затоа, Primark моментално е во фаза на реструктуирање, а ќе затвори и неколку филијали.

Филијалата во Гелзенкирхен веќе е затворена, а експозитурите на Primark во Крефелд и Кајзерслаутерн наскоро засекогаш ќе ги затворат вратите.

Како што пишуваат медиумите, причина се актуелните деловни бројки.

Директорот на Primark во Германија неодамна објави дека нето-продажбите од 627,8 милиони евра во 2021/22 се компензирани со загуба од 50 милиони.

Одговорните се уште целосно не ја изгубиле надежта и со оптимизам гледаат кон иднината и размислуваат за отворање нови филијали.

Primark наведува дека многу клиенти сè уште сакаат да пазаруваат во Primark, но дека немаат филијала во близина.