Во Мадрид останува и Тони Крос.
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид планира да ги продолжи договорите на Лука Модриќ и Тони Крос , а новите договори би требало да бидат потпишани пред крајот на тековната сезона.
– Средбата меѓу претседателот Флорентино Перез и Лука Модриќ се одржа зад затворени врати пред реваншот од полуфиналето на Копа дел Реј против Барселона на 5 април – пишува Атлетик.
– Перез, кој има одлични односи со Модриќ, го цени фактот што Модриќ инсистирал да се сретне и да остане во Реал, а дека не го интересираат ниту побогати понуди од Саудиска Арабија, Катар, Америка – пишува споменатиот шпански медиум.
Извор на хрватски медиуми, повикувајќи се на шпанска Марка, односно информации од статистички портал, открива дека платата на Модриќ ќе изнесува 23,8 милиони евра на годишно ниво.