Во Кина денеска во пресрет на Новата година започна гужвата според лунарниот календар, а во 40-те дена околу празникот се очекува рекорден број патувања од околу 9 милијарди.
Милиони луѓе кои се враќаат дома пред кинеската Нова година, која оваа година се слави на 10 февруари , во една од најголемите миграции во светот секоја година, ќе патуваат со сите достапни транспортни средства до нивните дестинации.
Иако најголемиот дел од патувањата ќе се вршат со автомобил , се очекува и огромна побарувачка за воздушен транспорт . До крајот на празниците со авион треба да патуваат околу 80 милиони патници , што е зголемување за 9,8 отсто во однос на периодот пред пет години.
Покрај домашните дестинации, оваа година многу се бараат и летовите за други земји во Азија. Авиокомпаниите планираат да направат 2.500 дополнителни летови до најпопуларните дестинации како Јапонија и Јужна Кореја , пишува US News . Истото позитивно ќе се одрази и на оперативните резултати на кинеските аеродроми.
Шангајските Пудонг (PVG) и Хонгшао (SHA) очекуваат зголемување на патничкиот сообраќај за 57,6% за време на празничниот период, додека аеродромите во Пекинг се прогнозира раст од 60% .
Кинеската цивилна авијација до неодамна имаше проблеми со многу строги здравствени мерки, што значително го забави нејзиното закрепнување по пандемијата. Со укинувањето на ригорозните ограничувања, побарувачката за летови значително се зголеми.