ЛУЃЕТО НЕ МОЖАТ ДА ПОВЕРУВААТ ДЕКА ОВАА ЖЕНА Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈУБАВА ВО РУСИЈА: Лево е на Инстаграм, десно е како изгледа во РЕАЛНОСТА (ФОТО)

ОТКАКО Наталија Оскар е прогласена за најубава госпоѓа во Русија, интернетот е преплавен со нејзини фотографии од натпреварот, на кои таа, благо кажано, не личи на себе во споредба со фотографиите на Инстаграм.

34-годишната Русинка на тој начин стана хит на Инстаграм, Твитер и останатиот дел од Интернет, а потоа беше откриена и позадината на приказната.

Наталија Оскар, имено, е сопруга на Роман Безматерник, руски милијардер кој го спонзорираше натпреварот. Компанијата на сопругот на новата најубава дама на Русија се занимава со продажба на градежни материјали.

Натпреварот „Мрс Русија“, кој не е исто како и изборот за Мис на Русија, е наменет за мажени жени со деца, пишува „Дејли мејл“. Наталија и нејзиниот сопруг милијардер, се наведува понатаму, имаат една ќерка Моника.

Наталија на социјалните мрежи ја следат 18 илјади луѓе.