Македонија на нозе: Во струмичко изчезнаа братче и сестричка

СВР Струмица информира дека вчера во 13:10 часот во Полициската станица Струмица, Д.Ѓ.(36) од село Сушица, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечиле неговата малолетна ќерка М.Ѓ.(14) и неговиот малолетен син К.Ѓ.(11), пишува Курир.мк.

Според пријавеното, тој се сомнева дека тие заминале кај Д.Р. во Струмица, кај кого М.Ѓ. и претходно одела. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, стои во соопштението на струмичката полиција.