Македонски музичари номинирани на „HEMI Music Awards 2023“

– Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации  – „ХЕМИ“ ги објави 27-те номинирани музичари за третото издание на „ХЕМИ Музички Награди“ (HEMI Music Awards) меѓу кои се номинирани и три македонски изведувачи и тоа: Дина Јашари, „Јон Ајди“ и „Перија“. Од вкупно 280 европски изведувачи, од разновиден спектар на жанрови, кои одговорија на повикот за учество, меѓународно жири на професионалци од музичката индустрија ги избра 27-те изведувачи кои ќе се придружат на „ХЕМИсферата“!

Овие номинирани соло изведувачи и групи доаѓаат од девет држави во централна и југоисточна Европа (Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија) и ќе учестуваат во првата фаза на „ХЕМИ Музичките Награди“. Таа фаза вклучува воведни активности за номинираните, кои имаат за цел да помогнат изведувачите да го развијат својот капацитет за влез на нов пазар.

Активностите на „ХМА“ ја комбинираат теоријата и праксата, а над се’ нудат животно искуство! Учесниците ќе имаат пристап до онлајн состаноци и предавања за збогатување на нивното знаење за музичката индустрија, особено проблемите во секторот за настапи во живо. Тие дополнително ќе добијат акредитации за учество на водечките европски изложбени фестивали и конференции, проследени со интернационално покровение во медиуми.