МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ЈА САКААТ ОВАА ХРАНА, НО ОДЛИЧНА Е ЗА ЗДРАВЈЕТО: ТОПИ МАСТИ, ГО НАМАЛУВА ПРИТИСОКОТ И ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ГО ШТИТИ СРЦЕТО

Одлична е и за слабеење

Еден зеленчук има познат статус меѓу омразените намирници кај Македонците и тоа секако не го заслужува. Малкумина се радуваат кога ќе слушнат дека тоа е јадење за ручек, а многумина не се свесни дека содржи многу важни хранливи материи кои штитат од разни опасни болести, но помага и да се симнат вишокот килограми.

Се работи за боранија.

За почеток, многу е важно да се знае дека боранија не содржи холестерол. Иако на нашите тела му треба малку холестерол за здрав раст на клетките, покачениот холестерол може да доведе до масни наслаги во артериите. Ова може да го намали протокот на крв во срцето и мозокот и да предизвика срцев или мозочен удар, предупредува веб-страницата HealthLine.

Една шолја сирова боранија има 2,7 g влакна, додека варена боранија содржи 4 g влакна, од кои некои се растворливи. Тие растворливи влакна можат да помогнат во намалувањето на LDL или таканаречениот лош холестерол и нивото на вкупниот холестерол.

Исто така, боранијата го штити срцето бидејќи го намалува крвниот притисок и го намалува воспалението. Имено, Американското здружение за срце препорачува до 1.500 мг сол дневно за оптимално здравје на срцето, а боранија природно има малку натриум – една шолја има само 6,6 мг. Премногу сол во исхраната го зголемува крвниот притисок, што е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Во исто време, боранијата е богат извор на витамини А, Ц и К, како и фолна киселина, која е особено важна за трудниците.

Многу студии исто така покажаа дека многу храна од растителна основа, како што е боранија, го намалува ризикот од дебелина, дијабетес, срцеви заболувања и севкупна смртност.

Многу е важно да се знае дека боранија содржи голема количина на хлорофил. Ова може да ги блокира несаканите материи што се создаваат при печење месо на висока температура. Затоа љубителите на скара треба да ги комбинираат омилените јадења со месо со овој зелен зеленчук за да го намалат ризикот од болести, пишува MedicalNewsToday.

Конечно, може да се премислите за боранија ако слушнете дека една шолја од овој свеж зеленчук има само 31 калорија, практично нема масти и само 3,6 грама шеќер, што е одлична бројка ако се обидувате да изгубите тежина.