Манчестер сити во пријателски меч го совлада Баерн на Националниот стадион во Токио

Фудбалерите на Манчестер сити го победија Баерн Минхен со 2:1 во пријателскиот натпревар во Токио, Јапонија.

Тимот од Манчестер поведе во 21 минута со голот на Џејмс Мекати, а израмни Баерн Минхен во 81 минута со голот на Матис Тел.

Победата за шампионот на Англија и Европа ја донесе Ајмерик Лапорт во 86 минута.

Десниот бек на Манчестер сити, Кајл Вокер го одигра целото прво полувреме и покрај тоа што медиумите пишуваа дека е блиску до трансфер во тимот од Баварија.

Натпреварот е дел од турнејата во Јапонија и се одигра на Националниот стадион во Токио.