Манчестер сити ќе ја одржи шампионската парада на 12 јуни

 Манчестер Сити утре (12 јуни) ќе одржи прослава со парада во чест на победата во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, соопшти прес-службата на тимот.

„Граѓаните“ ќе се возат со клупскиот автобус низ улиците на Манчестер.

Манчестер сити вчеравечер за прв пат ја освои Лигата на шампионите.

Тимот од „Етихад“ сезова стигна до тројна круна – Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.