МАЈК ПЕНС НАЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА: Следува борбата за републиканска номинација со Трамп

Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, во средата објави дека се кандидира за претседател, почнувајки битка за превласт на републиканците со својот поранешен шеф, Доналд Трамп.

Во видеото објавено пред почетокот на кампањата подоцна денес во Ајова, Пенс се претставува себеси како републиканец на Реган кој сака да ја врати Америка на конзервативните принципи.

„Би било лесно да се остане на страна. Но, не сум така воспитан. Затоа денеска, пред Бога и моето семејство, објавувам дека се кандидирам за претседател на САД“, се вели во видеото, според Си-Ен-Ен.

Објавувањето на неговата кандидатура го става во единствена позиција да стане првиот потпретседател во модерната историја кој го предизвикува својот стар шеф, Доналд Трамп, кој е актуелен фаворит за номинацијата на Републиканците во 2024 година.

Мајк Пенс

Иако беше лојален на Трамп, Пенс се раздели со него одбивајќи да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година и претседаваше со Конгресот што ја потврди победата на Џо Бајден на 6 јануари 2021 година.

Пенс, во видеото – кое не го спомнува Трамп и не вклучува слики од поранешниот претседател – тврди дека „различни времиња бараат различно лидерство“.

Можеме да ја вратиме оваа земја кажа.