МБАПЕ И РАСКРВАРИ НОС НА ДЕВОЈКА! И ја шутна топката во глава, а потоа направи гест со кој го воодушеви СВЕТОТ! (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен одигра нерешено на гостински терен со Стразбур (1:1) и со тоа ја одбрани шампионската титула на Франција .

По натпреварот на социјалните мрежи се појави видео од Килијан Мбапе и навивачка, што предизвика бројни реакции кај фудбалските фанови.

Имено, на загревањето пред почетокот на натпреварот, Мбапе ја шутна топката и удри една од навивачките на домашната екипа во лице. На несреќната девојка почна да и крвари носот, а Мбапе веднаш притрча да провери дали е се во ред. Кога видел дека крвари, веднаш ја извел на терен и ги повикал лекарите да и помогнат.

Французинот не ја заборави девојката ниту по натпреварот. Додека неговите соиграчи ја прославувале титулата, тој и пришол, малку разговарал со неа и и го подарил својот дрес.

Овој гест на Французите воодушеви многу љубители на фудбалот.