МВР: При сообраќајна контрола санкционирани 92 возачи на територијата на СВР Скопје

 Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во периодот од 10 до 16 часот спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 92 возачи, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 7 за моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 17 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), еден за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, три за возење под мерка забрана за управување на моторни возила и три возачи под дејство на алкохол.

Како што информира денеска МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Оттаму најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот на почитување на сообраќајните правила и прописи и заеднички придонес за побезбедни патишта