МВР: Пукано кон 20 годишник попладнево во Скопје,Чаир – три лица итно префрлени во Болница

Денеска околу 18 часот во СВР Скопје пријавено е дека дошло до физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје, јавува МВР за 4news.mk.

„Непосредно потоа од ГОБ Св.Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б(23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за 4news.mk