Медведев го откри најголемиот негов страв! Русинот брутално искрен: “Го победив Ѓоковиќ, но…“

По победата над Брендон Накашима, рускиот тенисер Даниил Медведев зборуваше за ривалството со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Рускиот тенисер се пласираше во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс, по што изјави дека, што се однесува до тенисот, најголем страв му е играњето против Надал на земјена подлога.

Никогаш не сум играл против него на таа површина, но тоа е секако најголемиот предизвик во нашиот спорт. Човекот загуби можеби само десет меча во кариерата на земја. Не знам ни дали се толку многу. Мојот најголем страв е играјќи на земјена подлога. Секако дека ќе се борам и би сакал да победам, но искрено не мислам дека би имал многу шанси“, изјави Медведев.

Данил Медведев

Тој зборуваше и за натпреварите против Ѓоковиќ и за доминацијата на најдобриот светски тенисер во Австралија.

Го победив неколку пати на тврд терен, но не и во Австралија. Таму изгубив. Искрено не знам зошто Мелбурн е толку посебен за Новак. Очигледно има нешто што му одговара него“, заклучи тенисерот.

Медведев шест пати играше против Надал, а секој натпревар се играше на тврда подлога.

Тој се соочи со Новак 14 пати и има пет победи, меѓу кои и триумф во полуфиналето на неодамна одржаниот турнир во Дубаи. Со таа победа тој ја прекина серијата од четири последователни порази од Србинот.