‘ДОН КРАЛО’ КАЖА НЕ НА ГОЛЕМИОТ БРАЗИЛ! Анчелоти ги демантираше тврдењата: “Сакам кариерата да ја завршам во Реал Мадрид!“

Тренерот на Реал МадридКарло Анчелоти демантираше дека по крајот на сезоната ќе ја преземе фудбалската репрезентација на Бразил.

Бразил моментално е без селектор, бидејќи Тите доби отказ по поразот од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Карло Анчелоти истакна дека сака остатокот од кариерата да го помине во „Кралскиот клуб“, пишуваат шпанските спортски весници.

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), Едналдо Родригез пред два дена изјави дека Анчелоти е најсериозниот кандидат за преземање на тимот на „Кариоките“.

Сакам да продолжам да тренирам Реал, среќен сум во Мадрид. Тоа веќе го кажав многу пати. Сакам да ја завршам тренерската кариера во Реал “, изјави неодамна Анчелоти.

Италијанскиот стручњак има договор со Реал Мадрид до 30. јуни 2024 година