Мери Дика, стана претседателка на Апелацискиот суд

Судскиот совет во февруари годинава за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје ја определи Мери Дика-Георгиевска, судијка во Апелацискиот суд Скопје.

Мери Дика-Георгиевска, е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13. Таа беше и еден од сведоците во овој случај. На денешната седница на Судскиот совет, судијката Татјана Петровска е избрана за претседателка на Основниот суд во Битола, а Јасмина Шишковска Стојковиќ за претседателка на Основниот суд во Прилеп.

Во Основните судови во Велес, Делчево, Крива Паланка и Штип, досегашните претседатели ќе останат да ја вршат функцијата в.д. претседатели сѐ до изборот на нови претседатели.

Во судот во Куманово претседателката Снежана Манева, беше пак избрана.