„Пржинската влада“ стои во законот за влада, политичките партии да внимаваат на законските обврски кога шпекулираат за датум за избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека „Пржинската влада“ стои во законот за Влада, а политичките партии да внимаваат на законските обврски кога шпекулираат за датум за избори.

„Пржинскиот договор, односно „пржинската“ или „техничка влада“ е преточена во закон, стои во актуелниот закон за влада. Партиите треба да внимаваат на законските обврски кога шпекулираат за датум за избори. Последните 100 дена од мандатот според актуелниот закон треба да се формира Техничка влада, значи 100 дена пред 5 Мај, како прв можен датум за парламентарни избори. Значи тоа е во законот, и тој треба да се почитува“, порача Џафери.