Меси заменет во првото полувреме

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси се повреди во победата на неговиот тим над Торонто со 4-0.

Аргентинецот ја напушти играта во 37. минута кога почувствува болка во мускулот, само неколку минути откако поради слични проблеми си замина Жорди Алба.

Тренерот на тој тим од МЛС, Тата Мартино, се надева дека не е ништо сериозно.

„Се надеваме дека не е нешто сериозно, односно не скинал мускул. Речиси сигурно нема да го одиграат натпреварот против Орландо викендов, па ќе видиме дали ќе бидат подготвени за Купот на САД. “ изјави аргентинскиот стручњак .

Меси изгледаше фрустрирано кога се појави, а неговата првична реакција не ветуваше многу.

Интересно е што фудбалерите на тимот од Флорида постигнаа гол веднаш по напуштањето на играта, а до крајот на натпреварот уште три за убедлив триумф против поранешниот шампион.

Херој на Интер беше Роберт Тејлор со два гола и асистенција.

Сепак, уште пред да излезе, Меси покажа малку од својата магија, која можете да ја погледнете во прилог.