Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Минималeцот сега изнесува 20.175 денари. Во 2012 година, кога беше донесен Закон за минимална плата, таа изнесуваше 8.050 денари.
Како што објави Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на минималната синдикална кошница за септември 2023 година изнесуваше 48.379 денари. Пак со две минимални плати, семејствата нема да можат да ги покријат основните трошоци. Со месеци минималната кошничка се движи околу 50.000 денари.