Мислиме дека се здрави, но всушност не дебелеат: Овие намирници го уништуваат нашиот метаболизам, а најчесто ги има на полиците за здрава храна!
Не сме ни свесни дека се полни со шеќер.
Постојат неколку високо преработени производи кои се рекламираат како здрава храна или пијалоци кои всушност можат да го забават вашиот метаболизам и да го отежнат слабеењето.
Храната што е најдостапна и најлесна за консумирање е обично најмалку здрава за нашиот струк. Нутриционистите Хедер Хенкс, Лиза Ричардс и Бет Хокс тврдат дека треба да се држиме настрана од зашеќерените, преработени гранола плочки и овошни сокови купени во продавница.
Гранола плочки
Најчесто ги има на полиците за здрава храна, па многумина посегнуваат по нив кога им е потребна брза ужина. Сепак, нутриционистите тврдат дека тие носат повеќе штета отколку добро, особено кога станува збор за телесната тежина.
„Гранола баровите се најлошата храна за слабеење бидејќи се полни со рафинирани шеќери. Многу производители тврдат дека се здрави бидејќи содржат овес. И додека овесот е навистина добар извор на влакна, проблемот се додадените состојки кои го прават нездрава храна“, објаснува Хенкс за She Finds.
На што Ричардс додава дека „преработената храна е направена од рафинирани јаглехидрати кои создаваат воспаление и го уништуваат здравјето на цревата“.
Наместо плочки со гранола, посегнете по јаткастите плодови и овошјето кои ќе ве држат сити и ќе ви ја дадат потребната енергија.
Овошни сокови
Овошните сокови се преполни и со непотребен шеќер. Ако ги пиете секој ден, може да предизвикаат проблеми како надуеност, воспаление, забавен метаболизам и зголемување на телесната тежина.
„На пример, во еден сок од 350 милилитри портокал има околу 31 грам шеќер, што е за 22 грама повеќе отколку во истото количество најпознатиот газиран пијалок во светот“, тврди Хокс.
Дополнително, овошниот сок купен во продавница нема хранлива вредност. Затоа, изберете здрави алтернативи кои вклучуваат незасладен чај, вода, па дури и свежо исцеден овошен сок, кој е богат со влакна.