Мицкоски: Владата ги злоупотребува собраниските процедури и носи закони во свој интерес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го прими на средба Јохан Вадефул, потпретседател на владејачката пратеничка група во Бундестагот, одговорен за надворешни и одбранбени прашања.

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.

Мицкоски го информира Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ постојано ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаме за носење законски прописи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните.

Во однос на економската состојба, Мицкоски истакна дека македонската економија е во тотален колапс, а актуелната власт наместо да биде насочена кон решавање на ова клучно прашање, се фокусира на криминалот и корупцијата.