Како што дознаваат српските медиуми, во еден момент таа жена, односно трудницата почнала да вика: „Помош, помош!“. Во тие моменти помогнала Рутиќ, жена херој која го извлекла бебето од школката кое било модро и успеала да го ‘оживее’ додека не дојде брзата помош.
Проф. Д-р Светлана Јанковиќ Ражнатовиќ, раководител на породилното одделение во ГАК „Народни фронт“ вели дека бебето кое се родило на станицата во Белград е момче тешко 2.550 килограми.
– Машкото дете тешко 2.550 грама, кое е родено во тоалетот, како што се вели во извештајот од итната служба, на железничката станица во Белград, е добро. При раѓање доби оценка 8/9, овде е сместена на педијатрија – раскажува за Курир проф. Јанковиќ Ражнатовиќ додава:
– Момчето е родено од неконтролирана бременост , па не знаеме ни во која недела од бременоста мајката се породила. И мајката која има 18 години е добро, останува кај нас. И двајцата ќе бидат тука колку што е потребно. Ова е нејзино второ раѓање.
Да потсетиме , жена која патувала од Ковино со својата мајка и ќерка и се префрлила во Прокупље се породила денеска во тоалетот на Автобуската станица во Белград . Таа отидела во тоалет и во ВЦ школка одеднаш се породила.