Министерството за надворешни работи на Република Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници.
Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека во тој контекст, потсетуваат дека се уште е на сила препораката на Министерството објавена на 28 февруари 2022 година, сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.
Воедно, сите државјани на Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви: +7 925 025-98-05 (мобилен) е-mail: [email protected].
Државјаните на Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]