Момчето – монструм на мајка му ѝ поставил морничаво прашање: Првпат проговори за списокот на учениците и за семејните односи!

За време на сведочењето во истрагата против неговиот татко, момчето (13), осомничено дека го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, мирно и спокојно одговараше на прашања.

Вокабуларот што го користел и начинот на кој ги составувал речениците, според извор близок до истрагата, не доликува на момче на таа возраст, туку на некој многу постар и поискусен.

Освен прашањата за тоа како неговиот татко го чувал оружјето, како успеал да го добие доколку, како што тврдеа и осомничениот татко и неговиот син, се чувало на посебно место обезбедено со шифри, момчето одговарало и на прашања во врска со извршување на кривично дело.

Како што неофицијално дознава српскиот медиум ,,Политика”, тој ги опишал семејните односи во семејството од кое потекнува како исклучително добри, нагласувајќи дека неговите родители добро се сложувале. Тој исто така рекол дека неговите родители не го казнувале сериозно него и неговата сестра кога ќе направиле некаков прекршок што нивната мајка и татко ги сметале за несоодветни.

Ваквата негова изјава, според неофицијални информации, ќе биде „на проверка“ и ќе се анализира, како што се прави, во корелација со други докази. Како што открива изворот, изјавата за „идилични“ семејни односи го привлекла посебното внимание на истражните органи со оглед на реакцијата на момчето кога по масакрот мајка му за првпат го посетила во здравствената установа каде што е набљудуван.

– Кога ја видел мајка си, момчето и’ го поставило прашањето „дали е задоволна сега“.

За што се однесуваше неговото прашање и што ја предизвика ваквата негова реакција, сè уште не е утврдено – открива изворот на „Политика“.

Момчето кажало и дека му требало долго време да ја дознае шифрата до сефот каде што татко му го чувал оружјето и од кој пукал во децата во ОУ „Владислав Рибникар“. Одговарајќи на прашања за трагичниот настан, момчето рече дека прво направило список со неколку имиња на ученици кои планирал да ги убие, но потоа го проширил.

Тој сведочеше дека татко му го однел на стрелиштето, но дека првиот контакт со оружјето не го овозможил тој, туку човекот кој работел таму.