ВИДЕО | Момче од Црна Гора насмеа со одговорот на прашањето како поминал на тестот: „Да бидам жив и здрав тато“
Црногорскиот инфлуенсер и комичар Јован Радуловиќ Јоџир на социјалните мрежи го сподели урнебесниот одговор на неговиот син поврзан со тестот што го имал на училиште.
„Еве го, институцијата. Тој имаше контрола. Сега ќе го слушнеме исходот. Институција, влезете“, рече тој.
Го интересираше дали има оценки од тестот. Малото момче одговорило да, а Јован го прашал која оценка добил.
„Да бидам жив и здрав тато“, одговори момчето. Меѓутоа, неколку моменти подоцна открил дека добил единица.
„Воопшто не е смешно“, додаде тој.
„Како ќе те разнесе она дома“, рече Јован мислејќи на сопругата Ирена. Малото момче само ги крена рамениците.
„Крале, те сакам, ќе те бранам“, рекол Јован.
Инаку, Јован на почетокот на оваа година се кандидираше за претседател на Црна Гора. Тој освои 2.574 гласа.