Момче (15) избодено пред училиште: Уапсени двајца тинејџери

15-годишно момче почина откако беше избодено со нож пред училиште во Лидс.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на злосторството и привела двајца тинејџери.

Директорот на училиштето Пол Бел изјавил дека жртвата е поранешен ученик во училиштето.

Семејството на момчето е информирано за несреќата, пишува Sky news .

„Нашата истрага сега е во рана фаза и спроведуваме опсежна истрага за да утврдиме што точно доведе до оваа непотребна загуба на животот на еден млад човек. Го разбираме огромното влијание и големиот шок што овој трагичен инцидент ќе го има врз локалната заедница. Веќе разговаравме со голем број сведоци и би сакале да ce слушнеме со секој кој има информации за инцидентот“, соопшти полицијата.

Полицијата го блокираше просторот околу училиштето додека трае истрагата.