Измама на векот! Му ветија милио долари ако даде кош од половина терен: Навивач даде кош, тие одбија да му дадат пари! И тогаш интервенираше Џордан (видео)

Пред точно 30 години во Америка беше организиран луд натпревар со неверојатна награда.

Имено, спонзорите на Чикаго понудија 1.000.000 долари на навивач кој ќе постигне кош од далечина од 75 метри од обрачот. Во превод – од слободно фрлање!

Еден млад човек по име Дон Калхун го направи невозможното. Погоди! Сето тоа се случи на крајот од третата четвртина од натпреварот Чикаго – Мајами одигран во далечната 1993 година.

Погледнете ја магијата:

А потоа шок! Осигурителната компанија одби да ја додели наградата! Тие го наведоа фактот дека Калхун играл кошарка на колеџ и затоа немал право да учествува во оваа наградна игра!

Навивачите, но и играчите на Чикаго беа револтирани поради ова. Имаше огромен притисок, па компаниите и клубот решија да платат повеќе од заслужената награда.

Во следните 20 години, Дон добивал 50.000 долари годишно.

Се испостави дека за Дон реагирал самиот Мајкл Џордан да му ги исплатат парите.

,,Ги натеравме да платат“, – среќниот шутер ги пренесе зборовите кои му ги упати најголемиот кошаркар на сите времиња.