Моќниот руски ѕвер пристигна во Србија! Москва ги почести Србите со брутален авион кој има двојна намена (ВИДЕО)

Есента минатата година, по пристигнувањето на првиот авион во Белград, беше претставена демонстрација на можностите на хеликоптерот „Камов“ Ка-32.

Вториот противпожарен хеликоптер „Ка-32“, произведен во Русија, е испорачан во Србија.Хеликоптерот пристигна во вторникот во 21 часот.

Хеликоптерот „Камов“ Ка-32 сè уште е на аеродромот „Никола Тесла“. Наменет е за гаснење шумски пожари и пожари на високи станбени згради, со капацитет на корпа од пет тони вода со можност за работа со млазница која овозможува хоризонтално гаснење пожар на висококатници.

Да потсетиме, есента минатата година, по пристигнувањето на првиот авион во Белград, беше претставена демонстрација на можностите на хеликоптерот „Камов“ Ка-32.

Со пристигнувањето на овој хеликоптер за првпат е можно во Србија да се изгаснат градските пожари на високи згради. Водениот топ може да фрли до 40 метри, а исфрла 63 литри вода во секунда.

Освен за гаснење пожар, Ка32 може да се користи и за транспорт на тешки товари. Може да превезува до 13 луѓе, да се движи со максимална брзина од 260 километри на час и да постигне домет од 650 километри.