Мувла, лебарки и измет од глодари: Што открила инспекцијата во болничките кујни во Италија (ВИДЕО)

По тој повод наплатени се казни од околу 230.000 евра

Командата на карабинерите за здравствена заштита нареди привремено или трајно одземање на дозволата за работа на седум кујни, во болничките мензи во Италија , поради присуство на влага, мувла, бубашваби и измет од глодари.

Забраната уследи по проверка на 992 места во болниците и здравствените установи, државни и приватни.

Како што се наведува, забележани се 340 неправилности, што е 34 отсто од бројот на увидни места, а поднесени се 431 кривична и управна пријава.

По тој повод наплатени се казни од околу 230.000 евра.