Наоми Кембел првпат во јавност откако ја поврзаа со Епштајн: Манекенката е видена во ДУБАИ пред теретана чие месечно членство е 350 ЕВРА – во друштво на нејзината пријателка НАДА

Наоми Кембел денеска за прв пат беше видена во јавноста откако нејзиното име се појави во судските документи за Џефри Епштајн, меѓу имињата на бројни светски ѕвезди. Манекенката е во Дубаи со актерката Нада Адел. Тие беа забележани пред познатата теретана FitnGlam. Модната ѕвезда беше во спортско-елегантно издание, а еве што снимија папараците.

Месечната членарина за теретана во Дубаи е 300 фунти или околу 350 евра. Не е познато дали Наоми Кембел ќе остане подолго во овој град или Дубаи е само попатна станица до нова дестинација.

Манекенката се најде во центарот на скандал, како и многу холивудски ѕвезди. Дејвид Роџерс, пилотот кој управуваше со авионот „Лолита експрес“ на Џефри Епштајн, во 2009 година изјави дека Наоми била меѓу познатите патници, откриваат новообјавените документи.

Наоми Кембел

Во 2019 година, Кембел рече дека го познава Епштајн, осудениот педофил кој почина таа година во затвор во Њујорк додека му се судеше за сексуална трговија.

„На мојот 31-ви роденден, моето поранешно момче Флавио Бријаторе ме запозна со него, тој секогаш беше пред и центар на ревиите на Викторија Сикрет“, рече таа.

Познатата манекенка била во друштво на соработничката и љубовница на Епштајн, Гислајн Максвел, која за него регрутираше малолетни девојчиња како сексуални робинки и која во 2021 година беше осудена на 20 години затвор за сексуална трговија со малолетници.

„Тоа што го направи е неодбранливо и кога слушнав што направил, се согласив“, рече таа и додаде дека била шокирана од пишувањето за нејзиното дружење со „озлогласените луѓе“. „Јас не сум светица… но нема да бидам заложник на моето минато“, нагласи таа.

Џоана Сјоберг, една од жртвите на Епштајн, рече дека никогаш не ја запознала Наоми ниту ја видела во неговите домови.

Документите, исто така, открија дека Епштајн имал огромна колекција на „чудни“ фотографии во неговата палата во Палм Бич, Флорида, според сведочењето на Вирџинија Џуфре, која го обвини за насилство, а Максвел за клевета, што го натера судијата да нареди досиејата да да се отвори. Зборувајќи за таа колекција на фотографии, Џуфре рече дека Епштајн поставил огромен број слики на видни места.

Наоми Кембел
Наоми Кембел Фото: Profimedia

Таа рече дека на неговиот имот имал голема маса во ходникот веднаш зад влезната врата и дека има најмалку 50 фотографии од млади жртви и познати личности: „Тие беа девојки (во долна облека) … поврзани со Џефри и некој од привилегираните луѓе што ги запозна, како, не знам, неговите поранешни девојки или модели или Наоми Кембел“.

Познатата манекенка сега наводно е свршена со основачот на брендот PrettyLittleThing, Умар Камани . Таа минатата година соработуваше со оваа модна куќа.