Нападнат конвојот на Зеленски! Силна експлозија одекна во Одеса пред средбата на украинскиот претседател со овој државник! (ВИДЕО)

Силна експлозија е регистрирана денеска во Одеса, каде, според извештаите на медиумите, беше планирана средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис , јавува Анса, повикувајќи се на информации од неколку украински канали на Телеграм.

На едно од видеата објавени на социјалните мрежи се гледа поворка од неколку лимузини и минибуси, наведува италијанската агенција.

Според истите извори, експлозијата се случила во близина на градското пристаниште и ѝ претходела тревога за воздушен нападж

Грчките медиуми јавуваат дека Мицотакис денеска е во посета на Одеса на средба со Зеленски.

Како што пишува грчки „Прототема“, околу пладне била нападната колоната на украинскиот претседател, која се наоѓала на 150 метри од грчката делегација предводена од грчкиот премиер Мицотакис .

– Сите сме добро – изјавил за грчкиот портал Ставрос Папаставру, кој е дел од грчката делегација.

Грчкиот „Ант њуз“ пишува дека експлозијата се случила пред средбата меѓу Зеленски и Мицотакис.

Експлозиите биле предизвикани од руска балистичка ракета, според сметките на Телеграм, додека некои грчки медиуми наведуваат дека станува збор за напад со беспилотно летало.