НАСЛЕДНИЧКА НА ИМПЕРИЈАТА СЕ ОМАЖИЛА НА 16 ГОДИНИ ВО венчаница од 1.000.000 долари: Тој бил единствениот маж во нејзиниот живот, а потоа го шутнала

Викторија Сваровски, наследничката на империјата Сваровски, деновиве престојува во Монако во друштво на својот партнер Марко Матешиќ, австриски милијардер и син на основачот на компанијата „Ред Бул“ Дитрих Диди Матешиќ.

Двојката била фотографирана на Големата награда на Монако, една од најпрестижните трки во светот на Формула 1. И двајцата им позираа на фотографите со широки насмевки на лицата, а Викторија блескаше во модерен тексас комплет.

Инаку, убавата 29-годишна девојка кон крајот на март објави дека се разведува од инвеститорот Вернер Мерц (46) со кој беше во брак шест години, но парот беше вљубен уште од нејзините тинејџерски денови.

Се шпекулираше дека причината за разводот е тоа што таа се заљубила во младиот и згоден Матрешиќ, но тогаш ниту еден од нив не ги потврдил гласините за романса. Сега е јасно дека претпоставките беа точни. Тогаш австриските и германските медиуми пишуваа и дека парот почнал да се гледа во јануари и дека брзо се зближиле и биле видени заедно на трките во Ханенхајм.

Викторија Сваровски стапи во врска со поранешниот сопруг во 2010 година, кога имала само 16 години, а парот раскина во 2017 година, се венчаа на раскошна церемонија во луксузното италијанско летувалиште Портопиколо. Свадбата траела три дена, а вклучувала екстравагантни вечери и танцови забави, најскапа храна и пијалоци и секако – гостите носеле најскапа облека.

Самата Викторија носеше неверојатно гламурозна венчаница вредна милион долари на која имаше околу 500 илјади кристали Сваровски и тежела приближно 45 килограми!

Наследничка, но и поп ѕвезда и успешна водителка

Инаку, оваа Австријка имаше успешна музичка кариера во тинејџерските години и раните 20-ти години, а во 2014 година дури настапуваше и на Зимските олимписки игри во Сочи, а во 2010 година сними музика за холивудскиот филм „The Chronicles of Narnia: The Voyage of the Dawn Treader“.

Денес, Викторија е посветена на нејзината телевизиска кариера – таа е водителка на натпреварувачкото шоу “Let’s Dance”. Таа е и инфлуенсер – над половина милион луѓе ја следат на Инстаграм, а соработува и со бројни познати брендови.

Можеби очекувано, но оваа дама е и своевидна стилска ѕвезда во Германија и Австрија, но и меѓу добрите познавачи на модата ширум светот. Таа е редовна гостинка на приватни забави на познатите личности, но секогаш можеме да ја видиме во првиот ред на модните недели и на црвениот тепих на престижни настани.