НАТО започна вежба за управување со кризи

Земјите на НАТО денес започнаа вежба за управување со кризи за тестирање на процедурите за консултации и донесување одлуки на Алијансата на стратешко политичко-воено ниво.

Земјите на НАТО денес започнаа вежба за управување со кризи за тестирање на процедурите за консултации и донесување одлуки на Алијансата на стратешко политичко-воено ниво, се вели во соопштението, пренесува Анадолу.

Еднонеделната вежба за управување со кризи 2023 (CMX 2023), која вклучува и цивилен и воен персонал од сојузничките земји, Шведска и Финска, се одржува во седиштето на НАТО во Брисел и во стратешките команди, се вели во соопштението на НАТО, истакнувајќи дека ќе продолжи до 15 март.

„CMX 2023 ќе вклучува практикување сеопфатни одговори на сложено цивилно-воено сценарио, поставено во хибридна средина“, се додава во соопштението.

Во ова соопштение се посочува дека Шведска и Финска се приклучиле на претходните вежби, но дека оваа година ќе учествуваат со нивниот нов статус на „поканети“.

CMX 2023, исто така, ќе вклучи и размена на персонал со Европската служба за надворешна акција, Европската комисија и Генералниот секретаријат на Европскиот совет и Советот на Европската Унија, се додава во соопштението.