Бернар Арно, сопственик и основач на брендот LVMH и на најбогат човек во светот, за само еден ден изгуби 11,2 милијарди долари откако паднаа акциите на LVMH.
Зад името на оваа компанија стои брендови како Louis Vuitton, Moet&Chandon и Christian Dior, а според проценките, акциите на овие брендови паднаа за 5%. Падот се смета за последица на неизвесната побарувачка за луксузни добра, пред сè во Соединетите Американски Држави.
И покрај падот, францускиот милијардер сè уште има богатство чија нето вредност се проценува на 191,6 милијарди долари. Така, јазот помеѓу Арно и Илон Маск, како втор најбогат човек во светот, се намали на 11,4 милијарди долари.
Групацијата LVMH Group достигна пазарна вредност од 500 милијарди американски долари кон крајот на април, што стана прва европска компанија со оваа вредност.
Financial Times тогаш наведе дека групацијата има корист од зајакнувањето на еврото, како и подобрувањето на економските изгледи во Кина која претставува најголем растечки пазар во секторот за луксузни производи.
„Компанијата забележа зголемување на приходите од 17 проценти благодарение на кинескиот пазар. LVMH максимално го користи одржливиот раст на побарувачката во Европа и Америка, додека има корист и од брзото и силно опоравување на кинеската економија“, пишува Financial Times.