Најстарата жена на светот му е лута на Бог: „Која е поентата? Само седам овде и не правам ништо“ (ВИДЕО)

Јохана Мазибуко важеше за најстарата личност на светот, а нејзините блиски тврдеа дека има 128 години.

Јохана Мазибуко имала документи кои потврдуваат дека е родена на 11 мај 1894 година, што значи дека имала 128 години и дека прилично долго време ги поминала на Земјата.

Мазибуко била израсната на фарма за пченка и никогаш не одела на училиште. Таа не знаела да чита и пишува.

Таа беше најстарата од 12 деца, а се зборува дека некои од нив сè уште се живи, пишува brightside.me

“Пораснав здраво, јадејќи див спанаќ и пиејќи свежо млеко. Сега ми недостига храната што ја јадев како дете”, рекла еднаш Јохана.

Мазибуко беше мажена за постар маж, вдовец кој имал крави, па правела путер. Со него водела среќен живот, а за тој период ги кажа овие зборови:

-„Се грижеше ништо да не ми недостига“.

Парот имал 7 деца, од кои имале над 50 внуци и правнуци.

Неколку недели пред смртта, Јохана била во болница каде се опоравувала од мозочен удар. Таа била отпуштена по 2 недели, а 3 дена по враќањето дома починала.

Минатата година, на нејзиниот 128 роденден, Јохана се побуни против Бога:

,,Не знам зошто по толку години сум сè уште тука. Зошто останав? Толку луѓе околу мене умреа…”