НА Блискиот И Блискиот Исток СЕ СЛУЧУВА НЕЗАМИСЛИВОТО: Иран, Саудиска Арабија, Индија и Пакистан формираат поморски сојуз

Командантот на иранската морнарица Шахрам Ирани изјави дека Иран и Саудиска Арабија, како и три други земји од Персискиот залив, планираат да формираат поморска алијанса во која ќе бидат вклучени Индија и Пакистан, објавија денеска иранските медиуми.

Ирани рече дека земјите од регионот разбрале дека меѓусебната соработка носи безбедност за целата област, наведувајќи дека во алијансата ќе учествуваат и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Катар и Ирак, пренесува Нова.рс, пишува Танјуг.

Тој најави дека алијансата ќе се формира наскоро, без да даде детали.

Иран неодамна се обидува да ги поправи заладените односи со неколку арапски земји од Персискиот залив.

Во март, Саудиска Арабија и Иран ставија крај на седумгодишното непријателство со постигнување договор, со посредство на Кина, за потребата од регионална стабилност и економска соработка.