“НА УКРАИНЦИТЕ ИМ ИСТЕКУВА ВРЕМЕТО!“ – Што се случува со фамозната контраофанзива на Украина: “Има напредок, но е побавен отколку што се надеваа сојузниците!“

Војната во Украина достигна критична точка, а понатамошниот развој може да влијае на иднината на земјата и безбедноста на Европа, оценува ВВC.

Анализата покажува дека Украина во текот на 18-те месеци од руската инвазија беше претежно во дефанзива, спречувајќи ги руските сили да заземат поголема територија, но дека ова лето, користејќи воена опрема што и ја достави Западот, отиде во офанзива, обидувајќи се да ги протера руските сили од териториите што ги окупираа на истокот и југот на земјата.

Еден поглед на картата на источна и јужна Украина покажува дека не е многу променето во последните два месеци од почетокот на контраофанзивата, според ВВC, додавајќи дека Русија сè уште окупира речиси една петтина од Украина , вклучително и градовите во Доњецк, на исток и Мариупол, кој го освои по неколкумесечни борби, опсада и дека неговите сили се добро утврдени.

Украинска армија, Украина, војна во Украина
илустрација

Всушност, не се промени многу од ноември 2022 година, кога Украина го постигна својот последен значаен успех, освојувајќи го јужниот град Херсон и големи области на североисток.

Но, имаше и добри вести за Украина, се посочува во анализата на BBC и се наведува дека украинските војници неодамна го окупираа селото Старомајорское во областа на Доњецк, дека Киев вратил некои мали области околу Бахмут, на исток, кои ги загубил на почетокот на летото и дека постигна мали успеси во регионот на Запорожје, на југ, што се смета за пресудно за успехот на контраофанзивата.

Имено, украинската пенетрација низ дел од територијата контролирана од Русија до Азовското Море би ги нарушила рутите за снабдување на Русија и би ги прекинала нивните сили на Крим, се наведува во анализата.

За два месеци, се вели дека украинските војници напреднале максимално околу 16 километри во две области долж 160 километри од фронтот.

Има напредок, но тој е побавен отколку што се надеваа Украина и нејзините западни сојузници, оценува BBC.

Анализата покажува дека украинските сили нападнале три дела од фронтот, користејќи опрема обезбедена од Западот и истражувајќи ги слабите точки долж целата фронтна линија долга 1.125 километри, но дека Русите ги предвиделе овие намери и со месеци ги граделе најголемите утврдувања во поновата историја.

Три линии ровови, бункери, бетонски пирамидални тенковски замки (т.н. „змејски заби“) и илјадници нагазни мини претставуваат огромна пречка за напредувањето на украинските сили.

змејски заби
илустрација

Марина Мирон, експерт за одбрана на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека Украина морала да ги намали своите амбиции на југ, вклучително и аспирациите за повторно заземање на Крим. „Мислам дека тоа нема да се случи наскоро“, вели таа.

Таа оценува дека најмногу на што може да се надева Украина е потенцијалното повторно заземање на Токмак, кој се наоѓа на клучна рута во југоисточниот дел на земјата, област која е логистички центар за руските сили.

Во анализата се наведува дека Украина испратила конвој оклопни возила кон Токмак во јуни, но видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека тенковите Leopard и борбените возила Bredly наидуваат на минско поле, а потоа биле нападнати од руска артилерија.

Се чини дека руската војска поправила некои од грешките што ги направила во текот на првите 12 месеци од инвазијата и се покажала како изненадувачки иновативна и ефикасна во својата одбрана, се вели во текстот, додавајќи дека Русија користи многу противтенковски мини и почна да ја користи својата воздушна моќ, како што се нападните хеликоптери Ка-52.

Додека Русија ја поставуваше својата одбрана, Украина собираше десетина новоформирани оклопни бригади, од кои многу беа обучени во Европа и опремени со подобра опрема од Русите, според BBC, и посочи дека Украина сега има способност да лансира ракети длабоко зад руските линии, насочени кон складишта за гориво, командни пунктови и контролни центри, што може да ја ослабне одбраната на Русија.

Впрочем, времето не е на страната на Украина, оценува BBC и укажува дека дождовите наесен ќе ги претворат неасфалтираните патишта во кал и ќе го отежнат, ако не и невозможно, натамошното напредување на украинските сили и дека циклусот претседателските избори во САД ќе почнат напролет.

Доколку Украина дотогаш не постигне решителен напредок на бојното поле, далеку од сигурно е дека поддршката на САД и НАТО ќе продолжи на толку високо ниво како што е сега, заклучува анализата на BBC.