НЕВЕРОЈАТНА СНИМКА! ЖЕНА СЕ ПОРОДИ ПОД урнатините ВО СИРИЈА: Чудо сред СТРАШЕН земјотрес, бебето остана сирак (ВИДЕО)

Видеото кое разнесе се на мрежите доаѓа од Сирија, која беше погодена од разорен земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе.

Моментот снимен од камерата е и трогателен и тежок, а видеото е снимено во Алепо, Сирија. Во понеделникот Турција и Сирија беа погодени од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој покосеше се пред себе. Сиријка, која поради земјотресот била под урнатините, родила дете.

За жал, според странските медиуми, жената не успеала да преживее, но на социјалните мрежи бил објавен моментот кога новороденото дете било спасено. На видеото кое новинарот го објави на Твитер се гледа моментот во кој маж зема новороденче и го испраќа на потребната медицинска помош. Потсетуваме дека досега во Сирија се пријавени повеќе од 1.073 жртви и 2.461 ранет.

Како што пренесува британски Мирор, бебето останало сирак, бидејќи ниту таткото на детето не преживеал. Во описот на видеото стои: „Моментот кога се роди детето. Неговата мајка беше под урнатините на земјотресот во Алепо, Сирија, а таа почина по неговото раѓање. Господ да им даде трпение на народот во Сирија и Турција“. Погледнете го клипот: