НЕВЕРОЈАТНО – Бизарна сцена за време на лет: Милионер и понудил на патничка 100.000 евра за да го направи ова – таа останала во неверување! (фото)

Стив Кирш (67 г.), американски богаташ, на социјалната мрежа Твитер сподели бизарна случка од авионот на Delta Airlines, пишува The Sun

Имено, тој на една патничка и понудил 100.000 долари за да и ја отстрани заштитната маска. Наводно, станува збор за познат антиваксер и скептик за вирусот Ковид-19, кој претходно беше обвинет за ширење дезинформации за пандемијата на Интернет.

Необичниот разговор со патничката го сподели на социјалната мрежа Твитер. Тој објаснува дека прво ја започнал понудата од 100 долари со тоа што побарал од патничката што седела до него во првата класа да ја отстрани заштитната маска. Таа учтиво ја одбила неговата понуда, но Кирш, чие богатство се проценува на 216 милиони евра, решил да ја зголеми сумата.

Лицето што седеше до мене во првата класа одби 100.000 долари кога ја замолив да ја симне маската од лицето до крајот на летот. Не се шегувам. И тоа откако и објаснив дека маските немаат ефект. Вработена е во фармацевтска компанија“, напишал милионерот во објавата.

Тој на социјалната мрежа Твитер објави и селфи на кое се гледа дека авионот е полн. Кирш не се изненадил што жената не ја отстранила маската додека не пристигнала храната.

Ја извади маската веднаш штом дојде појадокот! Затоа што сите знаеме дека не можете да се заразите додека јадете! Ѝ укажав на фактот дека еден здив е доволен за да се зарази. Целосно ја разоткрив. Можеби следниот пат ќе седам до некој со банкарска сметка и ќе ги дадам парите“, се пошегува Кирш на крајот.