НЕВРЕМЕ ПРИДИЗВИКА ХАОС НА ГРАНИЦАТА СО МАКЕДОНИЈА – ИМА И ЖРТВИ! Итен апел до граѓаните да не излегуваат од дома !?
Силниот циклон кој во саботата донесе бурни ветрови во Македонија и регионот, се придвижи кон Црното Море и дополнително се засили. Налетите на ветрот во јужна Романија и Бугарија достигнаа и до 115 километри на час. На југоистокот на Бугарија десетици автомобили се заглавени на патот од Бургас кон Малко Трново, во реонот на граничниот премин со Турција, поради снег и паднати гранки.
Се повикуваат жителите да не користат приватни возила освен во итни случаи бидејќи ураганските ветрови и снежните бури ја парализираат земјата. Две лица загинаа во Софија и Варна кога врз нив паднале дрвја.
На жителите им се препорачува да ги обезбедуваат своите домови и имот со затворање на сите врати и прозорци и преместување на лесните предмети во затворен простор.
Метеоролозите прогласија црвен аларм поради обилни дождови и ветрови во југоисточниот дел на Романија. Во областа Добруја, областа меѓу Дунав и Црното Море, биле соборени стотици дрвја, оштетени покриви, а улиците на Констанц беа под вода.
Сите пристаништа беа затворени, а реакторот од нуклеарната централа во Чернавода автоматски бил исклучен од Националниот енергетски систем на Романија.