Некогаш беше заштитно лице на Плејбој, а денес слави 52 роденден: Се уште мами воздишки

Брук денеска го слави својот 52 роденден, а на нејзината линија би и позавиделе многу помлади жени.

Американската актерка и поранешен модел Брук Бурк е една од оние жени кои го привлекуваат вниманието на јавноста само со својот изглед.

Таа уште на почетокот на кариерата црпеше воздишки, па пред 19 години ја красеше насловната страница на „Плејбој“.

Во интервју за „Дејли мејл“, Брук еднаш ја откри тајната на беспрекорниот изглед, а тоа е лесно да се следи.

Како што рече, се потпира на мали, но здрави залаци, а дисциплината во исхраната е најважна. Таа не консумира брза храна и е доследна на нејзиниот режим.

„Не сум голем обожавател на грицки, но времето поминато во автомобил, на пат до и од училиште или тренинг, е навистина време кога сакате да грицкате. Се трудам да ги одржувам моите грицки здрави. Нема ништо полошо отколку да бидеме гладни затоа што тогаш почнуваме да носиме лоши одлуки“, изјави мајката на четири деца.