„Не сакам модел, сакам вистинска жена“: Со причина го нарекуваат „совршен сопруг“ 

Вистинската љубов постои…

Познатиот актер Пирс Броснан и поранешната манекенка Кили Смит се еден од најхармоничните парови во светот на славните.

Во брак се 22 години, а Пирс не пропушта прилика одвреме-навреме да објавува заедничка фотографија со саканата сопруга на Инстаграм.

„На сите им испраќаме љубов“, напиша актерот во описот на фотографијата и уште еднаш по којзнае кој пат ја покажа големата љубов кон својата поубава половина.

Инаку, Пирс за многумина е првата асоцијација кога ќе се спомене „совршениот сопруг“, бидејќи, без разлика на се, тој секогаш ја поддржува Кили во тешките ситуации.

Таа често е мета на критики во јавноста поради физичкиот изглед, поточно вишокот килограми што ги доби во бракот.

Пирс во една прилика „врие“, а со остри зборови го прекина секој коментар за изгледот на неговата сопруга.

“Мислам дека злобните напади на Кили се поради нејзината тежина. Не сакам манекенка покрај мене, туку вистинска жена”, изјавил еднаш актерот.