НЕСАКА ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА – Шок во Франција: Карабатиќ мора да ја прекине кариерата на три месеци поради болест

Никола Карабатиќ нема да игра или тренира во следните три месеци поради воспаление на вената на десната нога.

Најдобриот ракометар на сите времиња, францускиот репрезентативец и играч на ПСЖ Никола Карабатиќ  ќе мора привремено да ја прекине ракометната кариера.

Се работи за тримесечна пауза која ќе мора да ја направи поради болест.

Имено, ПСЖ објави дека Карабатиќ има воспаление на вените на десната нога (флебитис), поради што ќе треба да паузира три месеци. Тоа е состојба во која има воспаление и формирање на згрутчување во површните вени.

Не смее да тренира додека трае терапијата

Неговата состојба е надвор од опсегот на класичната спортска медицина, па ќе мора да се лекува според проблемот, а додека се лекува нема да смее да се занимава со никаков спорт, па ќе мора да ја прекине кариерата за некое време.

„Карабатиќ ќе мора да се лекува со терапија на база на антикоагуланси, третманот не е компатибилен со спортот, па ќе мора да ги прекине сите активности на три месеци“, велат од ПСЖ.

Инаку, Карабатиќ веќе има 38 години и многумина шепотат дека ова може да биде крај на неговата кариера, сепак различни информации доаѓаат од Градот на светлината. Никола наводно се уште не се откажал, не само од ракометот туку и од оваа сезона. Неговиот план е да се опорави до Фајнал 4 и да игра таму, доколку ПСЖ се квалификува.